Состојки:
четири тортиљи
500 гр пилешко бело месо
200 гр кашкавал
две јајца
презла
домат
масло
сол, бибер
Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли, па малку истенчете го со толчник за месо.
Додадете сол и бибер. Извалкајте го стекот во јајца, па во презла и пржете на загреано масло. Исечете го месото на парчиња. Загрејте ги тортиљите во тава.
На секоја тортилја ставете пржено месо, парче домат и парче сирење. Наредете ги тортиљите во огноотпорен сад и ставете ги кратко во рерна да се растопи кашкавалот. Послужете топло со сос по ваш избор.