Трамп се надева дека „ќе ја заврши војната во Украина“ за помалку од 6 месеци

Доналд Трамп сочувствува со руската позиција дека „Украина не треба да стане дел од НАТО“ и на прес-конференција објаснуваше дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин додека не биде инаугуриран.

Во Мар а Лаго, Трамп исто така го обвини Џо Бајден, дека наводно ја променил американската позиција за НАТО членство на Украина.

Трамп рече дека со нетрпение ги чека преговорите за крај на војната во Украина веднаш кога ќе се врати во Белата Куќа, но не даде точен временски период кога тие би се случиле.

Тој вели дека сака преговорите да почнат брзо, зашто Русија и Украина губат многу млади луѓе, но не кажа кога или за колку брзо ќе се сретне со Путин. Сепак смета дека до инаугурацијата таква средба не би била соодветна.

-Не можам да ви кажам, но знам дека Путин би сакал да се сретнеме, рече Трамп.

Избраниот американски претседател, за време на неговата изборна кампања истакнуваше дека би можел да ја заврши војната во Украина за 24 часа од стапувањето на функција. На прес-конференцијата рече дека се надева дека ќе заврши војната за помалку од 6 месеци.

-Се надевам дека можам да ја завршам многу пред истекот на 6 месеци, рече Трамп на прашањето дали би можел да ја заврши војната за помалку од половина година.

Пронајдете не на следниве мрежи: