И Бугарија жали, денеска е прогласен ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот во автобуската несреќа која се случи на автопатот Струма, но и во спомен на жртвите од пожарот во домот за стари лица во село Ројак.
Денес сите знамиња на државните институции се на половина копје, а владата изрази сочувство до роднините на жртвите.
Во пожарот во домот за стари лица на 22 ноември вечерта животот го загубија девет животи, додека во автобусот на смртта живи изгореа 45 македонски граѓани.