Трајковски го освои 12. место на Светското првенство во Глазгов



Македонскиот претставник го освои 12-то место на Светското првенство во сала кое се одржува во Глазгов, Шкотска, и тоа со скок што беше шест сантиметри послаб од неговиот личен и државен рекорд.

Најдолгиот скок на Андреас Трајковски изнесуваше 7 метри и 73 сантиметри, што е за шест сантиметри помалку од рекордот кој го постави на Балканијадата во Истанбул.

Останатите два скока му беа 7,55 и 7,51, а споредувајќи ги резултатите на ривалите, му недостасуваа пет сантиметри за да се најде меѓу првите осум на Светското првенство.

Инаку, првото место и златниот медал му припаднаа на Гркот Милатиадис Тентоглу од Грција чиј најдолг скок изнесуваше 8 метри и 22 сантиметри, среброто замина кај Италијанецот Фурлани, а трет беше Мекленд од Јамајка.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: