Ако сакате да ги отстраните вишокот килограми, тогаш секојдневно треба да ги консумирате овие намирници.
1.Зеленчук
Зеленчукот мора да биде најзастапен во вашиот ручек. Покрај зеленчук, во организмот внесуваме есенцијални витамини, минерали и фитохемикалии. Тоа се соединенија кои во човечкиот организам се борат против разни болести. Зеленчукот со голема концентрација на влакна, како што има во брокула, спанаќ, грашак, пченка, леќа и печурки, дополнително ќе ви помогне во намалувањето на килограмите, затоа венсете го во секојдневното мени.
2.Протеини
Пилешко, мисиркино, телешко и јагнешко месо, протеини од јајце, лосос, туна се немасни протеини кои подолго време ќе ве држат сити, за разлика од јаглехидратите и другите масти, после кои брзо се чувствувате гладно. Ако не сте вешти во кујна, побарајте рецепт за како да подготвите пилешко месо кое се топи во уста.
3.Зрна
Од лебот не мора да се откажете, но мора белиот леб да го замените со оној од цели зрна. Имено, многу истражувања потврдиле дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции со цели зрна, дневно имаат околу 2,4% помалку телесна маст и 3,6% помалку абдоминална маст, за разлика од оние кои воопшто не ги јадат.
Едно парче леб од цели зрна е еднаква на една потребна порција, затоа за ручек слободно можете да изедете еден сендвич. Дополнителен извор на цели зрна може да биде овес, булгар, киноа или кафеав ориз.