Три совети за совршена секс атмосфера

Вашата соба треба да биде вашето интимно засолниште кое треба да ве опушти, за да се расположите за сите можни опции..
1. Простор во кој ништо нема што да ви го одземе вниманието
Многумина прават грешка со тоа што ги тргаат перниците од креветот и на нивно место ставаат многу плишани мечиња, меѓу кои, сексот едноставно не е пријатен и секој интимен момент е нарушен. Сите такви инфатилни предмети исфрлете ги од својата соба, бидејќи сакате таа да биде вашата секс оаза, а не да потсетува на детска соба. Изберете убави перници, кои не само што е убаво да се видат на креветот, туку и ќе ви помогнат во текот на сексот, или после него, за долго галење.


2. Изберете што е можно посекси осветлување
Темнината е непријатна, а совршеното решение не се ниту силните светла во било која боја, па затоа размислете за мали ноќни лампи или свеќи, со цел вашите заеднички моменти да ги направите поромантични. Не е лошо да набавите лампа со потенциометар, за да можете да ја дозирате количината на светлото во собата, а интересен и помалку романтичен детаљ се старите петролејки. Но, нормално дека ништо не е толку романтично како свеќите, особено ако во себе содржат и некој опоен мирис.


3. Совршениот мирис е најдобар афродизијак
Ако не живеете со својот партнер, туку само повремено разменувате нежности кога ќе дојде кај вас, искористете го магичниот ефект на вашиот парфем. Испрскајте од парфемот на неговата перница, а на тој начин сигурно ќе бидете со него и додека спиете. Избегнувајте ги сите можни потенцијални предмети кои може да предизвикаат непријатни мириси во собата, редовно менувајте ја постелнината, корпите со валкани алишта чувајте ги надвор од собата и избегнувајте да ги расфрлате алиштата или цигарите низ неа. Собата исполнете ја со миризливи масла, свеќи или со букет од омилените цвеќиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.