Трибина „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност” на Филолошки факултет






Во четврток, 16 мај, во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3) во Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“.

Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: