Авокадото е идеален производ за слабеење. Технички овој плод спаѓа во видот мексикански бобинки, но, не е препорачливо да биде составен дел од овошните салати.
Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење
Манекенките, на пример, ги прифатија масните „алигаторски круши“ (како што ги нарекуваат во Мексико), затоа што, и покрај нивната висока содржина на маснотии, исхраната со авокадо помага во губењето на телесната тежина за многу краток период.
Ако сакате авокадо, тогаш вашата мисија за слабеење пред новогодишната ноќ ќе биде прилично лесна за реализација. Авокадото може да ви помогне да изгубите телесната тежина и да согорите поголем дел од маснотиите на струкот. Секако, ќе треба и малку да се испотите со вежбање.
Авокадото содржи многу калории, односно 100 грама производ содржи 160 калории. Но, 100 грама авокадо содржи и 29 грама здрави масти, 13,5 грама диетални влакна, 9 грама јаглени хидрати и 2 грама протеини. Исто така, авокадото е богато со витамини А, Е, К и Ц, со калциум и со железо. Истражувањата покажале дека содржината на маснотии во авокадото е токму тоа што го прави уникатен производ кој помага во намалување на тежината, лекување на кардиоваскуларните заболувања, на проблемите со кожата, на артритисот итн. Затоа, ако барате брза диета во текот на која не мора да бидете гладни, но може да јадете вкусна храна и да изгубите дел од телесната тежина истовремено, диетата со авокадо е најдоброто нешто што треба да го направите.
Авокадото може да ви помогне во намалување на холестеролот, да ги намали воспаленијата во организмот, да го подобри варењето на храната, да го заштити интегритетот на клетките и да ги елиминира токсините. Манекенките на „Викторија Сикрет“ како што се Карли Клос, Роми Страјд, Емили Ди Донато и Жасмин Тукс, како и поранешниот ангел Адријана Лима, честопати пред ревија имаат детоксикација со авокадо. Девојките знаат дека авокадото ќе им помогне да имаат здрава кожа и коса и истовремено ќе им овозможи да се ослободат од вишокот маснотии околу стомакот.
За среќа, авокадото е такво овошје што може да го јадете за појадок, за ручек и за вечера. Затоа, можете сами да креирате своја диета. Но, запомнете дека диетата со авокадо, како и другите кратки диети, нема да ви помогне да изгубите 10 килограми за една недела и да ги одржите килограмите. Ова е опција за оние што сакаат да изгубат 1-5 килограми. Ако треба да изгубите повеќе килограми, подобро е да преминете на урамнотежена исхрана и тренинг. Тоа е бавен, но сигурен и здрав начин да ја намалите телесната тежина.
Правила на диетата со авокадо
Нема посебни правила затоа што може да ја применуваат и веганите и оние што јадат месо. Главното правило е креирањето мени со точно пресметан број калории. Дневниот внес на калории за здраво лице зависи од неговите физички параметри и начинот на живот. Но, за да изгубите килограми, мора да создадете дефицит од 500 до 700 калории. Ако просечниот дневен внес на калории кај жените е 2000, додека сте на диета треба да внесувате 1200-1500 калории. Бидејќи диетата со авокадо не е монохрона и во исхраната има и други намирници, во вашето мени не треба да има повеќе од 3 авокада дневно. Авокадото треба да биде присутно во секој оброк. Ако јадете месо, тогаш јадете пилешко со малку маснотии или мисиркино месо, а може да јадете и риба. Од житарките претпочитајте хелда и квиноја. Можете да јадете и леб од целозрнести житарки и пченични тестенини. Покрај тоа, на вашето мени треба да има многу зеленчук и јајца како извор на протеини. Овошје можете да јадете само наутро и тоа најдобро е внесот да се ограничи на 200-300 грама. Ако се обидувате да изгубите тежина, повеќето овошја што содржат сахароза и фруктоза може да го забават процесот на согорување на маснотиите.
Како што можете да забележите, диетата со авокадо е многу вкусна, но здрава.
Времетраење на диета со авокадо
Времетраењето на диетата со авокадо варира од три до седум дена. Сепак, ова е диета за детоксикација и не треба долго да ја ограничувате вашата исхрана, бидејќи на вашето тело му се потребни најразлични витамини, минерали и други хранливи материи. За овој период можете да изгубите 1-5 килограми во зависност од физичките параметри, од должината на диетата и, се разбира, од нивото на активност. Затоа се препорачува диетата со авокадо, како и другите видови диети за слабеење, да ги комбинирате со вежбање. Кардио вежбите ќе бидат особено корисни бидејќи помагаат во согорувањето на маснотиите.