Трикови како да замените јајца во рецепт

Сега ќе можете брзо и лесно да ги замените јајцата со оваа храна и да ги правите вашите омилени рецепти, а да не го прекршите постот.
Велигденските пости почнаа и верниците кои се придржуваат до него повеќе не мора да се откажуваат од омилената храна. Млекото може да се замени со бадем или соја, а за јајца постојат 3 начини кои се одлични и дефинитивно помагаат. За време на постот, домаќинките се трудат храната да биде поразновидна, а исто толку вкусна и мрсна. Со овие совети ќе можете да направите јадења што сите ќе ги сакаат, а воедно и ќе го почитувате постот.
Ако правите леб, палачинки, мафини или нешто друго, наместо јајца употребете 3 смеси кои се подеднакво ефикасни. Ова се количините доколку сакате да замените едно јајце, а доколку ви треба повеќе, само зголемете ги состојките.

Замена на едно јајце со ленено семе
Потребни состојки:
1 лажица мелен лен
2,5 лажици вода
Подготовка:
Измешајте ги ленот и водата и оставете 5 минути.
Замена на едно јајце со чиа семе
Потребни состојки:
1 лажица чиа семе
3 лажици вода
Подготовка:
Иситенете го чиа семето додека не добиете смеса како брашно, па измешајте со вода и оставете 5 минути. Текстурата треба да биде слична на сировата жолчка од јајце.
Друг начин да го замените јајцето, а можеби и најлесниот, е да растворите 2 лажици оцет во ½ чаша вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.