Трикови кои ќе ви помогнат полесно да се разбудите во тмурните утра

Интернет пребарувањата за „како полесно да се разбудите“ се зголеми за 130 проценти во последните седум дена.
Утрата стануваат потемни и постудени, па повеќе би сакале да останеме во нашиот топол кревет отколку да станеме и да излеземе на дожд.
Затоа експертите помагаат со неколку совети кои би можеле да ви помогнат полесно да станувате и да се будите во тмурниот период што следи.
Топло-ладно
Д-р Рошни Пател за The Sun советува првиот дел од утринската рутина да биде миење наизменично со топла и ладна вода, што ќе ви помогне да се разбудите. Тврди дека тоа може да им помогне на порите на кожата да се отворат и кожата да дише.
Богат појадок
Нутриционистот Алекс Гловер верува дека појадокот богат со протеини е клучен.
„Протеините и влакната ќе ве заситат и ќе ве подготват за денот“, вели тој.
Изедете едно јаболко
Едно јаболко содржи околу 13 грама природен шеќер и има слично дејство како кафето.
„Природната гликоза од јаболката полека се вари, што ќе го разбуди организмот“, додава консултантката за исхрана Стефани Тејлор.
Движете се
Ништо нема да ве разбуди како малку вежбање. Кога сте уморни, последното нешто што сакате е да шетате во студено време, но можеби ќе бидете изненадени од ефектот што ова ќе го има врз вашето тело. На возрасните им се препорачуваат најмалку 150 минути вежбање неделно.
Рехидрирајте го телото
По неколку часа сон, на телото му треба течност. Пиењето две до три чаши вода ќе го рехидрира телото и ќе го стимулира движењето на дебелото црево.
Дури и ако не сте жедни наутро, експертите советуваат да пиете вода и да ја надоместите изгубената течност.
Вклучете го светлото
Луѓето не сакаат да ги отвораат завесите наутро, но светлината ќе ве разбуди.
Внесувајте витамин Д
Во текот на есенските и зимските месеци поминуваме помалку време на сонце, па затоа витаминот Д треба да се внесува со храна или додатоци во исхраната. Еден од симптомите на недостаток на витамин Д е умор. Витаминот Д најдобро е да го земате попладне или навечер, а во рутината на земање додатоци внесете и витамин Ц кој ќе го земате наутро и магнезиум кој ќе го земате навечер.
Променете ја вечерната рутина
Ако станувате тешко, можеби не спиете доволно долго или доволно квалитетно. Размислете да си легнете порано за да си обезбедите минимум осум часа непрекинат ноќен сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.