Состојки
1 јајце
1 чаша млеко
3 чаши брашно
1 лажичка пециво
200 гр сирење
Рецепт кој се спрема брзо без да се чека да стаса тестото.
Во сад се замесуваат горе наведените состојки.
Тестото ако ви е лепливо додадете уште малку брашно.
Кога ќе биде убаво за работа,меко а не лепливо тогаш разделете го на 12 топчиња.
Од секое топче развлечете коричка и извадете со чаша по три кругови. Во секој круг ставете сирење па преклопете ги како месечинки и затворете ги со вилушка.
Веднаш пржете ги во загреано масло.
Вадете ги врз кујнска хартија за да се впие мрснотијата.
Да напоменам дека оргиналниот рецепт е да се работат тие 12 топки и да добиеме 12 пишии.
Но нас ни се многу големи, па јас ги направив помалечки и мислам дека големината е доволна.
На здравје појадокот.