Уапсен Турчин на Деве Баир, со фалсификувани документи за камионот сакал да помине граница

Денес на Граничниот премин Деве Баир бил уапсен државјанин на Турција поради фалсификат на зелените картони за осигурување на камионот кој го управувал

„Денеска во 01.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ц.(59) од Република Турција затоа што при извршена пасошка и гранична контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило со полуприколка, кое го управувал, биле фалсификувани.

Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: