УБАВАТА ДАНИЕЛА ЗАГИНАЛА ВЕДНАШ ПО ОВА СЕЛФИ: Младата мама сакала да се пофали пред семејството, но авантурата тргнала наопаку (ФОТО)

Даниела Бариос Игуита, 27 години, загинала во саботата за време на лет со параглајдер .Полицијата се уште истражува како младата мајка загинала во планините во западна Колумбија во близина на градот Каларка. Прелиминарната истрага покажала дека компанијата работела согласно сите потребни прописи и сега се проверува дали има пропусти во безбедносните мерки кои би можеле да придонесат за фатален исход.Даниела загина додека се обидувала да го надмине стравот од височина летајќи со параглајдер над врвот Ел Кастиљо, кој е омилено место за љубителите на овој екстремен спорт. Непосредно пред кобниот лет, младата жена објавила фотографија на својот профил на социјалните мрежи и ги известила семејството и пријателите дека го победила стравот од летање.
Да го победиме стравот – напиша меѓу другото Даниела.

Локалните медиуми јавуваат дека таа паднала од леталото набргу потоа и слетала во шумска област. Пилотот не можел да го запре летот за да и помогне додека брзата помош не можела да стори ништо за да ја спаси.
Хавиер Арконде Родригез, командант на противпожарната служба во Каларка, верува дека Даниела се лизнала од седиштето на копилотот и паднала од височина од 200 или повеќе метри.
Покрај студирањето бизнис администрација, Даниела присуствувала на обука за моден дизајн и имала онлајн продавница за долна облека која ја промовирала преку социјалните мрежи.Младата жена имала седумгодишен син.

Пронајдете не на следниве мрежи: