Удри по самарот: Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на Комисијата за помилување

Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата.

Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица.

Неодамна за претседател на Комисијата за помилување беше именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а одлуката Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која го именуваше новиот состав пред неполни три месеци на 29 јули годинава.

За членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири. Новоименуваните членови тврдеа од кабинетот на Сиљановска дека се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период. За едно од лицата кое беше повторно приведено, вели, да се остави на правосудните органи да си ја завршат работата.

– Тој случај е од минатото, од претходната Влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Тоа што имаше да каже и Комисијата го слушаме по медиумите, луѓето кои се дел од таа Комисија се присутни на медиумите. Добив информации од МВР дека едно од лицата кои беа предмет на измена на судска одлука е повторно приведено. Добив информација дека има уште неколку дела кои што се поврзани со ова лице. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Јас сум човек легалист, верувам во презумпција на невиност, но она кое што го знам е дека истото лице вќе доби 30-дневен притвор. Оставам на правосудните органи понатаму да одлучат како да постапуваат за други случаи каде што постои основано сомнение за сторен криминал, вели Мицкоски на новинарско прашање дали Министерството за правда ќе понесе одговорност во однос на испратените предлози за помилување до Комисијата за помилување.

Останува нејасно како е можно овој случај да е наследство од претходната Влада кога Сиљановска сама ги избра членовите на Комисија, а дополнително се поставува и прашањето како може да е единствено виновна Комисијата кога дефакто претседателката Сиљановска е таа која го има крајниот збор за тоа кој ќе биде помилуван.

Пронајдете не на следниве мрежи: