УЕФА потврди – Холандија ќе биде домаќин на завршниот турнир од Лигата на нации


Холандија во јуни ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на нации на кој покрај нив за трофејот ќе се борат и Хрватска, Италија и Шпанија.

Холандија ќе биде домаќин, но не и Амстердам, натпреварите ќе се играат во Ротердам и Енсхеде.

 

Завршниот турнир ќе се игра од 14 до 18 јуни. Ќе се одиграат полуфинални меча, финале и натпревар за трето место. 

 

За трофејот ќе се борат Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: