Ново, најсовремено украинско нападно беспилотно летало беше претставено пред украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на церемонијата во чест на вработен во воено-индустрискиот комплекс, објави „ Kyiv post “.
Овој дрон, кој социјалните мрежи го нарекоа „RAM X“, иако неговото специфично име останува доверливо. Во карактеристиките стои дека истото може прецизно да погодува цели лоцирани на оддалеченост поголема од 100 километри.
Според дел од медиумите, ова беспилотно летало веќе е распоредено против руските сили и ја докажало својата ефикасност со успешно неутрализирање на самоодни ракетни системи вооружени со ракети земја-воздух и ракетниот систем земја-воздух „2K22 Tunguska“, но и други цели.
Овој нов украински дизајниран ги отсликува можностите на рускиот „Лансет“ со прецизни удари врз непријателски цели. Може да се користи и против копнени и против воздушни цели со својата релативно голема брзина и моќната боева глава, што го прави вреден воен арсенал.
Одликувајќи се со тело во облик на Х и контролни површини, дронот може да се пофали со исклучителна можност за прецизно маневрирање, што му овозможува ефикасно да се насочува кон статични и подвижни објекти од различни траектории и агли.
Во зависност од барањата на мисијата, дронот може да биде опремен со различни типови боеви глави, вклучително и варијанти со висока експлозивна фрагментација, термобарични или противоклопни полнежи.
Боевата глава може да навлезе до 40 мм во оклопот, а со тоа да нанесе значителна штета на поголем дел од постоечка непријателска опрема.
Со максимална брзина од 180 км на час, дронот е способен да таргетира цели кои се движат побавно од 130 км на час.
Ова ги вклучува непријателските беспилотни летала како што се руските Орлан-10, Зала и Лансет, како и хеликоптери кои се приближуваат.
Клучна компонента на способноста на дронот е да се здружи со беспилотно летало за набљудување, кое помага во одредување на целта, следење и проценка по ударот.
Интеграцијата овозможува ефективна координација и го проширува оперативниот опсег.