УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГИ ЧЕКА ПРЕЧКА НА 10 КМ ОД ПРВАТА ЛИНИЈА: Се појавија првите снимки од новата РУСКА ТВРДИНА на југ (ВИДЕО)

Руските трупи ги зајакнуваат постоечките и градат нови одбранбени структури додека украинските вооружени сили напредуваат на јужниот фронт.

За тоа сведочат најновите сателитски снимки.

УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГИ ЧЕКА ПРЕЧКА НА 10 КМ ОД ПРВАТА ЛИНИЈА: Се појавија првите снимки од новата РУСКА ТВРДИНА на југ (ВИДЕО)

Фотографиите направени од вселената покажуваат нови ровови ископани на 10 километри од сегашната линија на фронтот.

Министерството за одбрана на Украина во понеделникот потврди дека вооружените сили на Украина ослободиле дел од селото Опитноје јужно од Авдеевка во областа Доњецк. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го најави напредокот на украинските вооружени сили во близина на Бахмут и во правец на Таурида ден претходно.

Украинските вооружени сили во неделата напредуваа повеќе од еден километар на југ. Минатата недела, по одредено затишје, повторно се интензивираа офанзивните акции на украинските вооружени сили кај Бахмут. Украинската армија најавува напредување на јужното крило на градот во областа Клешејевка и Андрејевка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.