Уметникот Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колекцијата на МСУ






Уметникот Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колекцијата на МСУ, со што продолжува трендот реномирани домашни и светски познати уметници да донираат дела на Музејот на Современа Уметност – Скопје. 

МСУ е симбол на солидарноста на некогашно солидарно Скопје, а познатите уметници се свесни за значењето на музејот, па затоа ја збогатуваат вредната колекција.

Реликвии на заемно разбирање „Relics of mutual understanding) е создавана од 2015 до 2023 и е инсталација која се состои од серија осум дела асамблажи. Делата се сведоштво за сложените врски што нè поврзуваат, приказните што нè дефинираат и убавината што произлегува од нашата колективна ранливост, нагласувајќи ја заедничката хуманост и меѓусебната поврзаност со постоењето на останатите видови. Оттука, целата инсталација е манифестација на деликатната рамнотежа помеѓу органското и изработеното, метафора за заедничката кршливост, но и цврстината и отпорот во рамките на поширокиот екосистем.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: