Унгарија наместо во Украина ќе испрати одбранбена помош во Чад
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја има намера да ги префрли своите средства на Европскиот фонд за мир за да му помогне на Чад, наместо на Украина.
На прес-конференција со својот колега од Чад, Сијарто потврди дека „унгарската влада презела иницијатива да одвои 14 милиони евра од Европскиот фонд за мир за зајакнување на одбранбените капацитети на Чад“.
Унгарскиот министер, исто така, истакна дека за време на посетата на делегацијата од Чад предводена од претседателот, Махамат Идрис Деби, Унгарија и Чад потпишале голем број билатерални договори, меѓу кои и за борбата против илегалната имиграција и соработката во областа на одбраната и земјоделството.