2 јајца
2 шолји масло
2 шолји шеќер
2 шолји кокосово брашно
3 лажици масло
брашно по потреба
9 шолји шеќер
11 шолји вода
1 лимон
Од водата, шеќерот и лимоновиот сок 15 минути се вари шербет и се остава да се излади.
Во сад пенесто се матат јајцата. Се додаваат шеќерот, маслото и кокосовото брашно. Постепено се додава малку брашно за тестото да биде средно тврдо.
Со раце се обликуваат цилиндрични форми и по желба се притискаат со ренде за да се исшарат. Се редат формите во тава, но на растојание затоа што нараснуваат за време на печењето. Се печат 20 минути на 200 степени.
Со изладениот шербет се преливаат топлите колачи и се оставаат да го впијат шербетот.