„Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но тие се плашат дека и ако ова се апсолвира ќе се испадне нешто друго. Бараат гаранции да не испадне нешто после тоа. Со меѓународната заедница заедно ќе работиме да добиеме нови гаранции и да нема нови услови, но остануваат топ приоритет за што влегуваме во оваа влада која е европски ориентирана“, вели лидерот на Демократското движење, дел од коалицијата „Вреди“
Веќе се номинирани членовите на работните групи кои ќе ги предводат преговорите со формирање на парламентарното мнозинство.
Ова вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма го соопшти лидерот на Демократското движење Изет Меџити, дел од коалицијата „Вреди“, посочувајќи и дека од неговата партија член во таа работна група е Висар Ганиу.
„Од Алијанса за Албанците ќе биде Азир Алиу. Има и два члена од Беса и Алтернатива. Во делот на програмата ќе биде вклучен и Беким Ќоку од Самооопределување. Тој нема да биде дел од владата, туку ќе биде во парламентарна група и ќе има свој глас како пратеник“,
рече Меџити.
Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го нема арогантниот однос на, како што рече, старото ВМРО и Груевски, зашто посочи дека и покрај тоа што освоил 58 пратеници, го посетил штабот на „Вреди“, а разговорите меѓу двете коалиции продолжуваат на дневно ниво.
„Работиме интензивно на составување новата влада. Имаме работни средби и за тоа што ќе се заклучи ќе ги известиме медиумите. Очекуваме најдоцна до 15 јуни да биде готова новата Влада“,
рече тој.
Ккао што рече Меџити, преговорите се уште не стигнале до распределба на ресори, а посочи и дека „Вреди“ не влегува во Владата за да има минимално учество.
„Овие четири години Албанците имаа многу власт, значи скоро девет или 10 министри, некои беа од СДСМ, некои од ДУИ, Алијанса, но беа во функција на себеси и на своите блиски, но не беа во функција на граѓаните. Значи побитно е да ги решиме проблеми на граѓаните, а тоа да го чувствуват граѓаните, да ја чувствуваат промената отколку дали Изет, Африм или некој ќе биде или нема да биде министер“,
вели тој.
За функцијата претседател на Собранието преговорите ќе се одвиваат во втората фаза, но посочи дека ќе ја бараат таа функција да припадне на нивната коалиција.
Според него, донесувањето на уставните измени останува приоритет, посочувајќи дека кај Албанците нема дилема во однос на тоа прашање, но како што рече без македонската заедница, без тоа да го определи ВМРО-ДПМНЕ, тоа не може да се тера, додавајќи, само со нивна добра волја.
„Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но тие се плашат дека и ако ова се апсолвира ќе се испадне нешто друго. Бараат гаранции да не испадне нешто после тоа. Со меѓународната заедница заедно ќе работиме да добиеме нови гаранции и да нема нови услови, но остануваат топ приоритет за што влегуваме во оваа влада која е европски ориентирана“,
рече Меџити.
Ккао што додаде, Меџити во банкарскиот систем не се вклучени Албанците, како и во Македонската академија на науките и уметностите.