Турскиот фудбалски гигант Фенербахче во понеделникот објави дека дури размислува да се повлече од домашното првенство, откако неговите играчи беа физички нападнати по неделната победа на гостувањето кај Трабзонспор од 3:2, кога со непознат предмет од трибините беше погоден и хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ, како и со тупаница во главата.
Фенербахче најави дека на 2. април ќе одржи вонредна седница на клупското собрание на која ќе се разговара за понатамошните активности по настаните во Трабзон, а не е исклучено и повлекување на првиот тим од лигата.
По 30 кола Фенербахче е втор на табелата со 79 бодови, два помалку од водечкиот Галатасарај или дури 30 повеќе од третопласираниот Трабзонспор.
Поради инцидентот на крајот од натпреварот во Трабзон, за кој првиот погоодок во 63. минута го постигна македонскиот репрезетнативец Енис Барди, во понеделникот беа уапсени се 12 лица, а инцидентот го осуди и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.
Уапсени се 12 лица за кои е утврдено дека се вклучени во инцидентите што се случија по натпреварот Трабзонспор-Фенербахче, изјави трускиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Толпа навивачи упаднаа на теренот на стадионот на Трабзонспор во неделата вечерта по последнио судиски свиреж, со што беше означен крајот на натпреварот кој нивниот тим го загуби, додека играчите на истанбулски Фенербахче славеа победа. Навивачите им се заканувале и ги нападнале играчите и тренерот на истанбулскиот клуб и голманот на Фенербахче.
„Апсолутно неприфатливо насилство за кое нема место во нашиот спорт, на или надвор од теренот“, одговори шефот на ФИФА, Џани Инфантино на Инстаграм во понеделникот.
„Сите играчи мора да бидат безбедни да го играат овој спорт каде било во светот“, продолжи тој, „повикувајќи ги релевантните власти да се погрижат ова да се почитува на сите нивоа и дека одговорните за настаните што го шокираа народот во Трабзон ќе бидат повикани на одговорност. за нивните постапки“.
Покрај навивачите кои упаднаа на теренот, уапсени се и пет лица кои преку социјалните мрежи повикуваа на насилство, додаде турскиот министер.
Осудувајќи ги „неприфатливите“ настани, Турската фудбалска федерација (TFF) уште во неделата вечерта објави дека „ќе бидат воведени кривични санкции за одговорните за овие инциденти“.