При поднесувањето на кандидатурата за Претседател на Република Македонија д-р Филип Петровски го изјави следново: Мои претставници ја поднесуваат кандидатурата до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ја прифатив понудата на коалицијата МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА, со кои што се боревме рамо до рамо за да ја спречиме ДВОЈАЗИЧНОСТА и да промената на Уставот и името на Република Македонија.
Д-р Филип Петровски апелираше на обединување на десницата за да се осигура победата, и да се отпочне процесот на враќање на името на Македонија, да се спречи двојазичноста и да се вратат принципите на АСНОМ таму каде што им е местото, во Преамбулата на Уставот на нашата држава.
Тој ги повика и членовите на ВМРО, како и сите македонски граѓани да го поддржат во оваа негова битка.
Повеќе за активностите на д-р Филип Петровски прочитајте тука
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.