ФИФА дозволи употреба на видео технологијата

Светската фудбалска федерација (ФИФА), одлучи да ја користи видео технологијата на Светското првенство во Бразил, во 2014 година, откако истата успешно беше имплементирана на Светското првенство за клубови.

Претходно, видео технологијата ќе се употребува и на Купот на Конфедерации, кој ова лето ќе се одржи во Бразил. Целта на оваа технологија е да им ја олесни работата на судиите, а ФИФА веќе го објави тендерот. Сите заинтересирани компании ќе бидат повикани да се приклучат на инспекцијата која ќе ги посети бразилските стадиони на Купот на Конфедерации. Инаку, Купот на конфедерации ќе се одржува од 15. до 30. јуни, а пласман на овој турнир изборија осум репрезентации – А група: Бразил, Италија, Мексико, Јапонија и Б група: Шпанија, Уругвај, Нигерија, Тахити
Макфакс
Светската фудбалска федерација (ФИФА), одлучи да ја користи видео технологијата на Светското првенство во Бразил, во 2014 г

Пронајдете не на следниве мрежи: