Шведскиот моќник Долф Лундгрен неодамна го прослави својот 66-ти роденден, а иако отсекогаш импресионирал со својата форма, многумина забележале дека тој во последно време брзо старее.
Русокосиот актер освои и скрши многу женски срца по неговите култни улоги, а едно од нив е и во филмот „Rocky“. Ретко која девојка можеше да остане имуна на неговиот шарм и светли очи.
За жал, познатиот актер во последно време се помалку се гледа во јавноста.
- Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, дефектот во Волково саниран
- Јовановиќ за МИА: Победата на Трамп негативно ќе се одрази врз македонската економија
- Следната недела постудено време, еве какви температури најавуваат метеоролозите
- Скопје втор ден по ред во првите десет најзагадени градови во светот
- Што разговараа Вучиќ и Трамп?
- Орбан по изборот на Трамп: Повеќе не сме сами, цела Америка е со нас
- Скопјанец пронајден мртов во својот дом
- Зеленски: Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови
- Се гасат запалени депонии низ Скопје – затекнати и казнети лица при палење
Причината е пред се пандемијата со вирусот Ковид-19, кога особено се грижеше за своето здравје бидејќи влегуваше во седмата деценија од животот. Потоа, пандемијата му ги наруши плановите да се ожени со 39 години помлада девојка, која ја запроси во 2020 година.
Долф Лундгрен во средината на јули беше виден во Грција како ужива во летните радости со сопругата, фитнес инструкторката Ема Крокдал (27 г.), а двојката го кажа судбоносното „Да“ во јули оваа година.
Ема Крокдал и Долф Лундгрен се запознаа во 2019 година во теретана и го направија своето прво јавно појавување заедно во 2020 година за време на фестивал во Доминиканската Република. Инструкторката вели дека не го препознала актерот, ниту пак знаела дека се работи за позната личност.
Долф Лундгрен го посвети својот живот на боречките вештини и додека тој се уште е во форма, годините го наплаќаат својот данок. Без разлика, неговите обожаватели продолжуваат да ја фалат неговата линија.
Фотографиите кои се појавија го покажуваат уморното лице на актерот, а многумина коментираа дека тој прилично остарел. Можеби некои не знаат, но легендарниот актер веќе осум години се бори со ракот на белите дробови.
Се сомневаат дека се разболел поради употреба на стероиди во времето кога се занимавал со бодибилдинг, а му даваат уште две години живот.
Некои напишаа дека изгледа како да е татко на Ема Крокдал, па дури и дедо, а рекоа дека сигурно не може да го следи темпото на својата помлада девојка.
Да потсетиме, славниот актер пред Ема Крокдал беше во брак двапати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.