Непознат напаѓач со црн шешир на главата му пришол на млад дечко од Панчево и испукал три куршуми во неговите гради и заминал. Над десет млади лица се повредени кога исплашената маса народ од 500 луѓе почнала да бега.
Дваесет и девет годишниот Милош Видаковиќ од Панчево е убиен ноќта во понеделникот кон вторникот еден час по полноќ со куршуми од пиштол во еден локал во стариот град во Будва. Се претпоставува дека неговата ликвидација била нарачана.
Во нападот повредени се уште четворица гости кои биле во локалот од кои едно лице е малолетно на возраст од 17 години.
Полицијата ги проверува лицата со кои 29-годишниот Милош порано бил во непријателски односи.
-Милош седеше на шанкот. Оддеднаш зад грб му пријде напаѓаот со црн шешир на главата и во градите му испука три куршуми. Убиецот потоа почна да бега и испука уште неколку куршуми, пишуваат црногорските медиуми.
По вооружената пресметка, над 500 лица кои се наоѓале во близина во паника почнале да викаат и да бегаат.
-Десетина млади лица се здобија со повреди кога стампедото почна. Паѓаа едни преку други. Беше страшно, додаваат медиумите.
Тешко ранетиот Видаковиќ починал на пат кон болницата, а и на останатите повредени им била пружена лекарска помош.
Полицијата на информативен разговор повикала неколку лица кои би можеле да помогнат во расветлување на злосторството.
Видаковиќ и претходно бил мета на напади. Последен пат бил ранет во април годинава во земунска населба.
извор: kurir.mkНепознат напаѓач со црн шешир на главата му пришол на млад дечко од Панчево и испукал три куршуми во неговите гради и