Не престануваат гафовите од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. По бугарското знаме, сега скандал направија и со средбите на претседателката во Обединетите Нации.
Имено, од кабинетот на Сиљановска објавија дека претседателката се сретнала со слобенечкиот премиер Роберт Голоб, иако на фотографиите е словенечкиот амбасадор и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.
Во продолжение, фотографија од Жбогар кој се сретна со Сиљановска во ОН.