Министрите за одбрана на Франција и Германија Себастијан Лекорну и Борис Писториус денеска во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување вреден милијарди евра, кој вклучува развој на борбен тенк од новата генерација, јави ДПА.
Двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање за напорите за заеднички развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој би станал централен столб на копнената одбрана на двете земји.
Двајцата министри по средбата го потврдија потпишувањето на договорот.
Проектот МГЦС е замислен не само како нов дизајн на борбен тенк, туку и како серија системи и возила изградени врз основа на оваа платформа, кои ќе ги поврзат борбените тенкови во податочна мрежа со помошни оружја како беспилотни летала и други системи без екипаж.
Меѓусебното поврзување на вооружените системи ќе овозможи технолошки скок во воената технологија, сметаат поддржувачите на проектот.
Се очекува проектот МПЦС да ги замени германските главни борбени тенкови Леопард 2 и францускиот Леклер.
Германија ќе има водечка улога во развојот на МПЦС, кој е копија на заедничкиот проект Future Air Combat System (FACS) предводен од Франција. Тој вклучува развој на борбени авиони од следната генерација, како и беспилотни летала и други системи.
Според локалните медиуми, министрите, исто така, постигнале договор за спорната распределба на задачите и договорите за проектот од осум столбови, при што Франција и Германија водат по два. Со преостанатите четири столба треба заеднички да се управува.
Како и другите заеднички европски проекти за одбрана, напорите беа одложени поради тензиите меѓу земјите-учеснички околу тоа како да се распределат индустриските договори и другите трошоци меѓу компаниите.
Писториус го опиша начелниот договор како „историски“ и додаде: „Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект“, пренесува Дојче веле.
Германскиот министер за одбрана рече дека претстои уште долг пат до почеток на производството на тенковите, иако истакна дека договорот е „важна пресвртница“.
Писториус рече дека договорите со индустријата се очекува да бидат финализирани до крајот на годината. Тој изрази уверување дека германските пратеници ќе го одобрат договорот.