Парискиот весник „Монд“, цитирајќи неименуван украински функционер, објавува дека Украина и Русија планирале да преговараат за делумен прекин на огнот, но тие разговори биле нарушени поради инвазијата на украинските вооружени сили во руската област Курск.
Според изворот, идејата за преговори се создала по јунскиот мировен самит за Украина.
Катар предложи преговори за енергетика и сакаше Русија и Украина да учествуваат во нив за да се постигнат конкретни, опипливи резултати. Но, неодамнешната ескалација на украинските упади на Курск ја одложи оваа одлука. Преговорите требаше да се одржат на крајот од август“, додава изворот.
Францускиот весник коментира дека можеби не е случајно што самитот во Швајцарија се одржа во алпското одморалиште Бургенсток, во сопственост на катарски ланец хотели.
Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.
Можеби изгледа чудно да се каже дека е возможно да се преговара за мир без Русија, но тоа е всушност возможно и ќе работиме на тоа“, вели тој за „Монд“.