Фризерите откриваат колку често треба да се мие секој вид коса

1. Нормална коса
Ако имате нормална коса, ниту мрсна, ниту сува, вие слободно можете да ја миете секој ден. Ако сте во брзање, освежете ја со сув шампон без никакви грижи бидејќи тоа нема да влијае на вашата фризура. Одвреме-навреме се препорачува и да ја миете само со вода и да ја оставите природно да се исуши, без фен.
2. Сува коса
Треба да обрнете посебно внимание на вашата коса ако е сува или оштетена. Секојдневното миење ќе ја уништи дополнително, па затоа и треба да ја миете само два до три пати во неделата, притоа користејќи поблаг шампон. Од друга страна пак, треба да внимавате и на регенераторот што го користите и да се погрижите тој да е само за сува и оштетена коса. Добро е и еднаш неделно да ставате маска доколку оштетувањето е големо.


3. Мрсна коса
Можеби ќе ви звучи малку нелогично, но и за овој тип коса треба да избегнувате пречесто миење бидејќи со секое мокрење на косата се стимулираат потните жлезди. За да се справите со овој проблем треба да користите шампон еднаш неделно, со цел да им дадете доволно време на жлездите да се одморат и да се навикнат да создаваат помалку маснотии. Ова е најдобро да го направите кога сте на одмор за да го намалите и изложувањето на надворешни нечистотии.
4. Кадрава коса
Кадравата коса по природа е поотпорна на маснотии, па затоа и подолго време изгледа свежи но исто така и бара посебна нега. Да се ослободите од сувите кадрици доволно е еднаш неделно да ја миете косата со хидратантен шампон. Маслото за коса исто така може да ви помогне при расчешлувањето со цел да спречите кинење на влакната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.