ФФМ СТАВИ КЛУЧ НА СТАДИОНИТЕ – ОДЛУКА БЕЗ ПРЕСЕДАН

Левица најостро ја осудува одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да ги одигра натпреварите од 17. и 18. коло во Првата македонска фудбалска лига без присуство на публика. Оваа мерка, донесена на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) по повод последните случувања со сквернавењето на македонското знаме, претставува директен удар врз љубителите на фудбалот и спортската јавност.
🔴Наместо да се справат со вистинските проблеми и да ги санкционираат поединците кои со своите антидржавни активности и провокации поттикнуваат тензии, институциите одлучуваат да ги казнат сите граѓани, ограничувајќи го нивното право на присуство на спортски настани. Оваа неодговорна одлука само дополнително ги продлабочува поделбите во општеството и создава чувство на неправда кај македонскиот народ.
‼️Особено загрижува фактот што ниту МВР ниту ФФМ не реагираше кога навивачките групи „Шверцери“ и „Балисти“ скандираа навреди за свирепо убиениот Никола Саздовски – Саздо и испраќаа пораки за „Голема Албанија“. Сега, наместо да се санкционираат одговорните за овие инциденти, ФФМ и МВР одлучуваат да ги казнат сите искрени љубители на фудбалот без причина.
➡️Го повикуваме Министерот за внатрешни работи да преземе одговорност и да се справи со оние кои предизвикуваат тензии, наместо да воведува општи забрани кои го ограничуваат правото на публиката за следење на натпреварито во живо. Неговата неспособност да се справи со ситуацијата резултира со дополнително нарушување на довербата во институциите и влошување на состојбата во македонскиот фудбал.
🚨Со ваквите одлуки дополнително се влошува и онака катастрофалната состојба во македонскиот фудбал, каде што веќе сме сведоци на празни трибини. Наместо да се преземат чекори во насока на враќање на публиката на стадионите и оживување на спортскиот дух, ваквите акции само дополнително ги одвраќаат граѓаните и го уништуваат фудбалот како спорт.
✅Присуството на публика на стадионите е главен предуслов за понатамошен развој на фудбалот и спортот воопшто.

Соопштение на Левица

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.