„Херојското доба на Хистрите“ – нова изложба во Археолошкиот музеј




„Херојското доба на Хистрите“ – нова изложба во Археолошкиот музеј

Изложбата „Херојското доба на Хистрите“ се отвори вчера во Археолошкиот музеј во Скопје. Претходно, во 12 часот, беше одржано предавање на тема „Патувањето низ земјата на Хистрите“ од авторката на изложбата, проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур од Универзитетот на Приморска, Копер, Словенија.

– Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се види нивната интеграција во комуникациската и трговска мрежа со другите соседни региони и заедници кои во тоа време живееле на брегот на Јадранот и во регионот по реката Дунав – велат од Археолошкиот музеј.

Поставката е резултат на соработката на Археолошкиот музеј во Скопје и Археолошкиот музеј на Истра, Пула. Поставката ќе биде отворена до 1 септември.



Пронајдете не на следниве мрежи: