Во белградската општина Врачар денеска се сруши зграда лоцирана на парцела до сегашно градилиште, бидејќи нејзините темели најверојатно биле поткопани од градилиштето.
Српските медиуми јавуваат дека во оваа катастрофа неколку граѓани останале без покрив над главата.
„Пет семејства беа сместени во хотелот Славија, додека две семејства најдоа сместување за себе. Градот обезбеди пари за семејствата и нивниот престој во хотелот, сè додека не се расчисти ситуацијата“, изјавил заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
Тој исто така додал дека инвеститорот, поради чија работа и била оштетена зградата, му се слошило веднаш штом ја слушнал веста и отишол во болница.
Претседателот на куќниот совет веќе неколку дена ги молел да престанат да работат, бидејќи поради нив ке им се сруши зградата, но не го послушале.