Но, не е паметно да се замрзнуваат некои работи, бидејќи или ќе станат небезбедни за јадење или ќе ја изгубат текстурата.
Така на пример, неприфатливо е на овој начин да се складира храна која е спакувана во вакуум, јајца во каква било форма, кафе, крем сирење и млечни производи, салати од пилешко или туна.
Готвените тестенини ќе го изгубат вкусот и текстурата со замрзнувањето, па ќе станат екстремно течни и непријатни. Повторното замрзнување на веќе одмрзнатата храна може да биде многу опасно за организмот, бидејќи бактериите брзо се размножуваат.
Никогаш не замрзнувајте конзервирана храна бидејќи може да експлодира, а истото важи и со пивото, да речеме. Краставиците со замрзнување и потоа со одмрзнување ќе се претворат во каша, додека лебните трошки ќе омекнат и нема да можете да ги користите правилно.
Некои други намирници што треба да ги избегнувате кога станува збор за замрзнување се лубеница, портокали, пржена храна, млеко, авокадо, грозје, сирење, кечап, мајонез, јогурт, ориз и вино.