Инстант овесната каша е најлошиот избор за појадок. Но, уште полошо е да испиете кафе и да не појадувате ништо.
Кои намирници се лош избор за појадок?
Овесни снегулки
Содржат многу шеќери и јаглехидрати, а тоа може да доведе до скок на шеќерот во крвта и да предизвика промени во расположението. Има решение – бирајте овесни снегулки кои се богати со растителни влакна и без шеќер.
Шолја кафе
Избор на оние кои не чувствуваат глад наутро. Кофеинот ќе ви даде енергија некој период, но нема да ве засити. Со додавање шеќер или цимет додавате уште повеќе калории, но не внесувате протеини или влакна.
Чаша сок
Ова не е појадок, особено ако не станува збор за природно цеден сок. Ќе чувствувате глад до ручекот.
Инстант овесна каша
Ја преливате со врела вода и ја оставате 5 минути? Звучи добро, но не е корисно. Во составот на инстант овесната каша има многу малку растителни влакна.
Леб и путер
Ова е добра идеја за појадок, но треба да изедете уште нешто за да останете сити. Исто така, лебот треба да има семки, а путерот да има доволно протеини.
Јогурт со намалена масленост
Овој вид јогурт не е добар избор за појадок бидејќи нема да ви даде доволно енергија. Нутриционистите препорачуваат да консумирате од 250 до 400 калории наутро. Во јогуртот додајте малку овес и свежо овошје.