Хроно пилешко во сос

500 г пилешки стек
1 главица кромид
6 лажици доматно пире
1 лажица сенф
1 лажиче оригано
1 лажиче кари
1 лажиче куркума
На загреано масло во сад на оган со средна јачина ставете ги исечкани месото и кормидот, промешајте и посолете.
Оставете убаво да се испржат со промешувања додека побели месото, а кромидот треба да се застакли.
Зачинете, промешајте и додадете ги сенфот и пирето од домати.
Динстајте уште 15 –тина минути на тивок оган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.