Супер продукцијата на студијата Disney, „Царството на Големиот Оз“, е најгледаниот филм според податоците од американските киноблагајни кој во втората седмица од прикажувањето заработил 41,3 милиони американски долари, според показателите што ги објави Exhibitor Relations.Со буџет проценет на 200 милиони долари, овој фантастичен филм во кој се појавуваат Мила Кунис, Рајчел Вејц и Џејмс Франк, привлече големо внимание кај публиката.Филмот ги следи доживувањата на Оскар Дигс, малиот циркуски волшебник кој носен со балон од правливиот Канзас до екстравагантната Земја Оз, се претставува за големиот волшебник кого сите го очекуваат.Филмот заработил вкупно 144 милиони американски долари.По него следат „The Call“ на Бред Андерсон, со Хали Бери во насловната ролја, и „ The Incredible Burt Wonderstone“ комедија со Стив Карел и „Џек убиецот на џинови“.
МакфаксСупер продукцијата на студијата Disney, „Царството на Големиот Оз“, е најгледаниот филм според подат