Цеца мокра до кожа пее на концерт, а Богдан ја поддржува со „Браво љубов“

Познатата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ по подолго време одржа концерт во Љубовињ, а дождот ништо не и можеше. Цеца пееше на дождот, мокра до кожа.
Сите во еден здив ги пееја хитовите на Цеца, а таа покажа како работат професионалците. Момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ беше воодушевен од неговата избраничка и јавно и испрати порака со зборовите „Браво љубов“.


Повеќе од 20 000 луѓе во Љубовињ пееја заедно со песните на Цеца, сите мокри, но сигурно е дека овој концерт ќе се паметат уште долго.

Цеца за концертот им се заблагодари на своите фанови со фотографија објавена на Инстаграм, под која пишува: „Љубовта која ја градиме мојата публика и јас трае со години. Сме имале и повеќе предизвици од дождот! – Затоа вечерва пеевме и игравме на дожд и направивме вечер за паметење„ – би заплакала од среќа, Ви благодарам з аваквото чувство“, напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.