1 кг свински црн дроб
2 страка праз
1 главица лук
200 мл црвено вино
2 лажици сенф
3 ловорови листови
2 лажици Балсамико оцет
5 лажици масло, сол и мелен црн бибер
Празот и лукот ситно исечете ги.
Засечете го измиениот и исушен црн доб на неколку места формирајќи џебови. Прво џебовите, а потоа и целиот дроб убаво премачкајте ги со сенф. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Потоа џебовите наполнете ги со празот и лукот.
Ставете го шпикуваниот дроб во тава и прелијте го со Балсамико оцетот и масло. Во тавата додадете ги виното и ловоровите листови и покријте ја со алуминиумска фолија. Печете 40 минути на 200 степени и извадете ја фолијата. Прелијте го дробот со течноста од тавата и печете уште 40 минути на 180 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.