ЦУК: 1 774 повици на 112 во последното деноноќие, 14 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 774 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 58,74%, а 41,26% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 74,48%, кон Итната медицинска помош 15,43%, а кон пожарникарите 5,93%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 746 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 14 пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места и сите се изгаснати. Гореше ѓубре, сува трева, ниска вегетација, сено и нискостеблеста шума во Скопско и во општините Велес, Штип, Неготино, Штип, Берово, Куманово, Липково, Ранковце, Крива Паланка, Тетово и Струмица.
Конкретно, Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 17.25 до 17.45 часот, со 2 пожарникара и 1ПП возило интервенирале во гасење на запалено ѓубре на површина од 50m2 покрај ул. „Скупи“ б.б. (Општина Карпош). Од 18.00 до 20.30 часот со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале во гасење на запалено ѓубре на поголема површина во депонија „Вардариште“. (Општина Гази Баба) и во период од 00.10 до 01:25 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре кај с.Страхојадица (Општина Зелениково).
РЦУК Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Неготино дека од 12.00 до 13.00 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација и ѓубре на ул.Дојранска.( Општина Неготино).
РЦУК Штип, , информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип дека во период од 12.15 до 12.30 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште во близина на Штип. ТППЕ Берово во период од 16.20 до 17.00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на градот Берово.
РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека во период од 15.40 до 16.35 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на опожарена слама во с.Пчиња. Во период од 18.33 до 19.40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште во стар кланица „Чочо“ и од 18.40 до 19.50 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре во с.Лојане. (Општина Липково). ТППЕ Ранковце, информира дека од 18.00 до 19.00 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Опила (Општина Ранковце). ТППЕ Крива Паланка известува дека во период од 05.30 до 06.40 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален автомобил во с.Мождивњак (Општина Крива Паланка).
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово ТППЕ Тетово известува дека во период од 17:22 часот избувнал пожар на патот од с.Боговиње кон с.Урвич каде што гореше ѓубре и сува трева е целосно изгаснат во раните утрински часови.
РЦУК Струмица, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струмица во која се наведува дека во период од 18.51 до 20.30 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Петарлинци и од 00:30 до 01:13 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Градошорци (Општина Босилово).

Пронајдете не на следниве мрежи: