Нервозни сте
Кафето е стимуланс кој делува на централниот нервен систем. Со други зборови, директно влијае на најважниот систем на телото. Кофеинот во кафето го зголемува бројот на срцеви отчукувања, а студиите покажаа дека има тенденција да го зголеми крвниот притисок. Затоа, кога претерувате со кофеинот, може да почувствувате нервоза, промени во расположението и раздразливост.
Често мора да одите во тоалет
Кафето е диуретик, што значи дека вашата потреба за мокрење може да се зголеми. Кофеинот има негативен ефект и на цревата, може да предизвик порив почесто да вршите голема нужда.
Имате проблеми со спиењето
Внесувањето кофеин може да го наруши вашиот циклус на спиење. Немојте да пиете кафе по 16 часот, за да можете да заспиете навреме.
Ви се спие во текот на денот
Ако денот не ви минува без дремење, можеби ваше тело премногу зависи од кофеинот. Немојте да пиете повеќе од 3 шолји кафе во денот и внимавајте исхраната да биде балансирана.
Само таквиот начин на исхрана во текот на денот ќе му помогне на телото да остане будно и фокусирано.