Во својата нова книга посветена на сексот, терапевтите Џорџ и Беверли Ен Фостер тврдат дека постојат само четири важни тајни на сексуалното уживање кои се многу повеќе фокусирани на умот отколку на телото
Книгата “Четири тајни на совршениот секс” не зборува за сексуалните пози, туку за учеството на умот во полниот однос. А еве и накратко кои се тие големи тајни:
ЗАВЕДУВАЊЕ
Прво треба да креирате желба во својата глава и така ќе дознаете што сакате да доживеете во креветот. Не би требало да дозволите да бидете заведени, па дури потоа да чувствувате. Токму спротивното.
АУДИТИВНА СЕНЗАЦИЈА
Партнерот треба да се доживее со сите сетила за да може да се оствари што е можно поголема сексуална енергија. Слушајте, помирисајте и вкусете го партнерот. Буквално.
ПРЕПУШТАЊЕ
Кога ќе ги исполните првите два услова, препуштете му се на партнерот во потполност. Заборавете на се друго додека тој е покрај вас.
РЕФЛЕКСИЈА
Сетете се на своите претходни сексуални односи за да ги унапредите новите. Отфрлете го лошото искуство, а присетете се на она најдоброто и повторно употребете го.