Потребни состојки:
200 грама сомелен интегрален кекс
30 грама шеќер
60 грама растопен маргарин
80 грама шеќер
40 грама брашно
1 прстофат сол
500 милилитри млеко
3 изматени жолчки
1,5 лажички екстракт од ванила
500 грама крем сирење на собна температура
4 исечени банани
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 250 степени.
Во голем сад измешајте ги кексот и 30 грама шеќер и добро промешајте. Додајте го маргаринот и повторно промешајте. Ставете ја смесата во калап за торта или пита и притиснете ја.
Печете околу 7 минути, односно додека не добие боја, а потоа оставете добро да се излади.
За пудингот од ванила во големо тенџере измешајте 80 грама шеќер, брашно и прстофат сол. Измешајте го млекото со жолчките и постепено додавајте го во тенџерето. Гответе на тивок оган додека смесата не стане густа.
Тргнете го тенџерето од оган и додајте го екстрактот од ванила.
Добро измешајте го крем сирењето, па додајте го во пудингот и добро промешајте.
На испечената подлога наредете од исечените банани, па прелијте со пудингот. Повторувајте додека не ја потрошите целата смеса. Горниот слој нека биде пудинг.
Ставете го чизкејкот фрижидер и оставете го неколку часа.