Неодолив и здрав чоко мус со авокадо.
СОСТОЈКИ:
2 зрели авокада
100 гр мед или јаворов сируп
40 гр какао во прав
60 мл кокосово или бадемово млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете го авокадото и додајте го во наведените состојки. Сѐ заедно ставете во блендер.
Кога ќе добиете изедначена, глатка смеса, ставете во четири помали чаши или две поголеми и оставете во фрижидер десетина минути да стегне.
Уживајте!