Чоколаден десерт со авокадо

Потребни состојки за подлогата:
-50 г урми
-100 г мелени бадеми или лешници
-80 г мелени интегрални бисквити
-малку цимет
-една до две лажици јаворов сируп
Крем:
-2 зрели авокада
-3 до 4 лажици какао
-1 банана
-1 ванилин шеќер
-3 до 4 лажици мед или јаворов сируп
Начин на подготовка:
Исчистете ги урмите и ситно исечете ги. Доколку се суви, потопете ги во вода околу 15 минути.
Додадете од покрупно мелените бадеми или лешници по избор, па цимет и мелени бисквити. Измешајте ги добро состојките, додадете јаворов сируп така што ќе добиете леплива смеса. Потоа смесата за подлога распоредете ја во сад за послужување во кој претходно сте посипале од бисквитите и оставете во фрижидер, додека го подготвувате чоколадниот крем со авокадо.
Кремот ќе го подготвите така што авокадото ќе исечете на половина, со лажица ќе го одвоите плодот, па ќе го ставите во блендер.
Какаото размешајте го со 100 мл врела вода, па додадете го во блендерот заедно со банана, ванилин шеќер и мед.
Сето убаво измешајте го додека не добиете глатка смеса, па нанесете ја врз претходно подготвената подлога во садот за послужување. Десертот нека постои во фрижидер пред да го послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.