Потребни состојки:
4 лажици брашно
4 лажици шеќер
Половина лажичка прашок за печиво
2 лажици какао
1 јајце
3 лажици масло
3 лажици млеко
1 шолја за чај
Начин на подготовка:
Во шолја ставете брашно, шеќер, какао и прашок за печиво и промешајте. Додајте јајце и повторно промешајте. Сипете го маслото и млекото и промешајте да не останат грутки. Ставете ја шолјата во микробранова печка и правете го колачето 4 минути.
Откако ќе биде готово извадете го, оставете го 2-3 минути да се излади, прелијте со сладолед, фил, џем и послужете.