Чоколаден леб од банани со јаболка и ореви: Неодоливо божествен вкус кој се памети

Ви предлагаме рецепт за едноставно и вкусно насладување. Овој леб може да биде совршена ужинка или појадок за вас и вашите деца!
Чоколаден леб од банани со јаболка и ореви: Неодоливо божествен вкус кој се памети
Потребни состојки:
140 грама брашно
70 грама какао во прав
50 грама шеќер
2 лажици мед
2 зрели банани
1 јаболко
1 јајце
50 грама путер
5 лажици масло
1 лажичка екстракт од ванила
1 пакетче прашок за печиво
прстофат сол
50 г темно чоколадо
100 грама ореви


Начин на подготовка:
Просејте го брашното со какао во прав и прашок за печиво.
Иситнете ги оревите и чоколадото и оставете половина од нив за декорација.
Растопете го путерот.
Изматете го јајцето со шеќерот.
Додајте го екстрактот од ванила, медот, солта, растопениот путер и маслото.
Изгмечете ги бананите со вилушка и излупете го и изрендајте го јаболкото.
Додајте ги во смесата со јајце, а потоа додадете ги сувите состојки и добро измешајте.
Користејќи шпатула, промешајте и додајте ги и половината од сечканите ореви и чоколадото.
Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење.
Наросете со остатокот од чоколадото и ореви.
Печете 50 минути на температура од 180 ᵒC.
Изладете го колачот и украсете го по желба премачкувајќи го со мед и наросувајќи го со ореви

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.