Чоколаден мус од авокадо

Покрај вкусот кој мене лично ме освои, другата убавина на овој мус е што се спрема за помалку од 10 минути. Нема масти од животинско потекло и нема премногу шеќери во една порција.
Квалитетните масти од авокадото и какаото го прават добар избор за ужина, која повремено може да си ја дозволиме.

chocolate mousse

Рецепт
1 Авокадо
2 лажици Смелени какао зрна
1 лажица Кокосово масло
1 лажица Агаве сируп
5 лажици Бадемово млеко
Инструкции за готвење
Се што треба да се направи е да го излупите авокадото и да му ја остраните семката. Сите состојки убаво да ги изблендирате се додека не добиете кремаста смеса.
Јас користев домашно бадемово млеко. Може како замена и за поинтензивен вкус и кокосово млеко.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.