Состојки:
За тесто:
1 јајце
125 мл млеко
1 лажица инстант кафе
125 мл масло
100 гр шеќер
150 гр брашно
25 g какао во прав
половина кесичка прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
40 гр чоколадо
За крем:
100 гр чоколадо
250 мл слатка павлака
Подготовка:
Истурете го млекото во сад и додадете го кафето, па промешајте да се растопи. Додадете масло и шеќер и повторно измешајте. Просејте го брашното заедно со какаото во прав, прашокот за пециво и сода бикарбоната. Се мати едно цело јајце, па се замесува да се добие мазно брашно и се додава искршената чоколада. Во калапот за мафини ставете хартиени корпи и наполнете ги со филот. Се печат во загреана рерна на 170°C околу 20 минути. За кремот измешајте ги чоколадото и павлаката и мешајте додека целосно да се растопи чоколадото. Оставете ја смесата во фрижидер околу 10 минути. Мешајте со миксер додека целосно не се згусне. Кога колачите ќе се изладат, префрлете го филот во шприц и нанесете го на секој мафин. Украсете со чоколадни трошки по желба.