Чорба од домати

1 кг домати
1 главица кромид
2 лажици брашно
1 врзоп магдонос
масло
сол и мелен црн пипер
Исечете ги доматите на парчиња, а кромидот на кругови. Додадете го исечканиот магдонос, солта и водата. Варете додека омекне доматот и испасирајте.
На загреана тава со масло ставете го брашното да се испржи и додадете го пасираниот домат. Посолете по вкус и зачинете со црн пипер. Ставете ја смесата во вода и варете околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.